вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 58
home Хроника

Судир на два мотоцикли во Охрид, едниот возач тешко повреден

Судир на два мотоцикли во Охрид, едниот возач тешко повреден

Едно лице се здобило со тешки повреди во судир на два мотоцикли вчера во Охрид.

Како што информираат од полицијата несреќата се случила на крстосницата од улиците „Нада Филева“ и „Аргир Маринчев“ помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ц.(59) од Охрид и мотоцикл „Кивеј“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ј.(28) од Охрид.

-Во незгодата, возачот на мотоциклот „Кивеј“-Љ.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил задржан во болницата „Св.Еразмо“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР-Охрид.