Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на патот Куманово-Свети Николе.
Од полицијата информираат дека незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од И.Т.(35) од Свети Николе и автобус „МАН“ со беровски регистарски ознаки управуван од К.Ј.(59) од Делчево.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.Т., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, од каде по укажаната лекарска помош е препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, велат од МВР.
Извршен е увид на местото на настанот.