сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 28
home Хроника

Судењето за „Монструм” продолжува на 25 септември

Судењето за „Монструм” продолжува на 25 септември

Судењето за случајот ,,Монструм” продолжува на 25 септември, за кога е предвидено да сведочат тројца сведоци предложени од одбраната, од кои еден е полициски службеник од единицата Алфа.

Судијата Огнен Ставрев пред завршување на денешното рочиште наведе дека за две рочиште би требало да заврши доказната постапка, односно после ова фаза на странките ќе им даде време за подготвување на завршни зборови.

На денешното рочиште за „Монструм” беа презентирани вербални и материјални докази од сведоци предложени од одбраната.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Коронавирус