вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 160
home Хроника

Стружани со службени картички полнеле гориво во сопствените автомобили

Стружани со службени картички полнеле гориво во сопствените автомобили

Три лица од струшко добија кривични пријави поради злоупотреба на службена положба и со безготовински картичка полнеле гориво во сопствените возила.

СВР Охрид соопшти дека Полициската станица од Струга поднела кривична пријава против Р.И.(49), од селото Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта.

-Пријавените во текот на 2017 година, како службени лица вработени во правен субјект во државна сопственост М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, покрај во службените, го точеле и во сопствените приватни возила, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Лицата прикажувале лажни сметки и налози со што се стекнале со противправна имотна корист од 640.041.84 денари.  (МИА)

 

Коронавирус