четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 34
МЕГА БОМБА

АУДИО: Објавена нова бомба за Заев – „Маме ќе им e*aм на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

home Хроника

Стружанец зработи казна од 3.000 евра, не ја почитувал задолжителната домашна самоизолација

Стружанец зработи казна од 3.000 евра, не ја почитувал задолжителната домашна самоизолација

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Струга.

– Еден од нив во Република Македонија пристигнал од Република Австрија, по што согласно донесените здравствени прописи бил во задолжителен државен карантин во период од 14 дена. Потоа бил должен да продолжи со домашна самоизолација, но полициските службеници го затекнале надвор од неговиот дом, информираат од обвинителство.

Поради непочитување на обврската за самоизолација, обвинителството за ова лице од Судот побара да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 30 евра во денарска противвредност.

Другите четири лица го сториле кривичното дело со тоа што не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана на движење на целата територија на државата во определени временски периоди. За прекршување на полицискиот час, за обвинетите е доставен предлог до Судот со кој обвинителството побара да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​

Парламентарни избори 2020