петок, 19. јули 2019. Вести денес: 59
home Хроника

Стружанец уапсен во кафуле, полицијата пронашла пиштол кај него

Стружанец уапсен во кафуле, полицијата пронашла пиштол кај него

При извршен личен преглед кај У.В.(22) од струшкото село Поум, вчера пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 9 милиметри и рамка со девет куршуми, кои нелегално ги поседувал.

Прегледот е извршен во кафетерија во селото Делогожда каде е забележан а потоа, веднаш е приведен во полициската станица во Струга.

По консултација со Јавен обвинител и судија на претходна постапка, У.В. е лишен од слобода. Против него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.