среда, 31. мај 2023. Вести денес: 106
Во живо

Трибина на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“

home Хроника

Струмичанка ограбена во влез од зграда

Струмичанка ограбена во влез од зграда
инсајдер

Педесет и петгодишната Л.Ѓ. од Струмица вчера била ограбена од непознат разбојник кој ја нападнал при влез во зграда.

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 18 часот на ул. „Ката Поцкова“, така што сторителот откако се доближил до оштетената, во моментот кога таа влегла во влез од зграда, физички ја нападнал обидувајќи се да и ја земе торбата при што почнал да ја удира со раце во пределот на главата и телото.

– Л.Ѓ. паднала на подот и од падот се здобила со повреди на прстите од десната рака. Напаѓачот ја земал торбата во која според пријавеното имало 76.000 денари, 1070 евра, женски сребрен накит и мобилен телефон, стои во соопштението.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.