среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 158
home Хроника

Струмичанец возел со фалсификат германска дозвола

Струмичанец возел со фалсификат германска дозвола

На 19.12.2020 околу 21:00 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев” со бул.„Маршал Тито” во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Д.(46) од Струмица, затоа што при контрола на неговото патничко возило „фолксваген пасат“ на увид приложил германска возачка дозвола, за која постои сомнение дека е фалсификат.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Локални избори 2021