петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Хроника

Струмичанец тешко повреден откако паднал од мопед

Струмичанец тешко повреден откако паднал од мопед

Триесет и осум годишниот струмичанец А.И. се здобил со тешки повреди во текот не вчерашниот ден.

Од МВР информираат дека несреќа се случила на крстосница од улиците „Никола Тесла“ и „11-ти Октомври“ во Струмица.

-А.И. управувајки мопед „Џилера“ со струмички регистарски ознаки паднал на коловозот. Во незгодата А.И.  се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.