Во СВР Струмица вчера било пријавено дека околу 18.30 часот кај место викано „Голаш“ над село Костурино, струмичко, К.М.(64) од село Костурино се превртел од трактор и починал на местото.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.