понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 127
home Хроника

Страшна сообраќајна на патот Градско-Прилеп: Еден загинат, две лица повредени

Страшна сообраќајна на патот Градско-Прилеп: Еден загинат, две лица повредени

Едно лице загина, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа што утрово околу 10 часот се случи на патот Градско-Прилеп.

Според првичните сознанија кои за МИА ги потврдува Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, станува збор за директен судир помеѓу патничко и товарно моторно возило.

Увидот е во тек, на лице место е и екипа од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Сообраќајот на местото на несреќата се одвива наизменично по една коловозна лента.

Коронавирус