среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 94
home Хроника

Страшна сообраќајка во Сопиште: Се судрија три автомобили и автобус, повредени 4 лица

Страшна сообраќајка во Сопиште: Се судрија три автомобили и автобус, повредени 4 лица

Сообраќајна несреќа во која повредени се четири лица, од кои едно потешко, се случила вчера околу 18:20 часот во скопско Сопиште.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале три патнички возила и еден автобус.

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу „фиат пунто“  управувано од Д.А.(36) од Скопје, „матиз“  управуван од И.Б.(47) од Скопје, „цитроен“  управуван од Н.Ѓ.(70) од Скопје и автобус „лаз“  управуван од Г.К.(40) од Скопје, сите возила со скопски регистерски ознаки, велат од МВР.

Според полициските информации, во незгода со тешки повреди се здобил сопатникот од возилото „фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото “матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус