понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 99
home Хроника

Страшна сообраќајка во Скопје: Со мотор удрил во тинејџер пешак, двајцата во болница

Страшна сообраќајка во Скопје: Со мотор удрил во тинејџер пешак, двајцата во болница

На 10.06.2021 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Алексаднар Македонски“ во Скопје, кај клучка „Дијамант“, мотоцикл „бмв“, без регистарски ознаки, управуван од А.Л.(24) од Скопје, удрил во пешак С.С.(19) од с.Тромеѓа, кумановско, информира МВР.

Во незгодата пешакот и мотоциклистот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

ЕУРО 2020

Македонија