вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Страшна сообраќајка во Скопје: Автобус се судри со автомобил – две лица повредени

Страшна сообраќајка во Скопје: Автобус се судри со автомобил – две лица повредени

Вчера во 18,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Кузман Шапкарев“ со улицата „Борис Сарафов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Јутонг“ со скопски регистерски таблици управуван од Г.Н.(47) од Скопје и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици управувано од Р.Р.(42) од с.Колари-кичевско.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.Ј.(40) од с.Зајас-кичевско, а со телесни повреди се здобил возачот Р.Р. на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот излегле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус