четврток, 5. октомври 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Страшна сообраќајка на патот Струмица-Радовиш: Еден загинат, повредени осум лица

Страшна сообраќајка на патот Струмица-Радовиш: Еден загинат, повредени осум лица

Едно лице го загуби животот, а осум се повредени од кои три потешко, во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат А4 Струмица-Радовиш, делница од Струмица до Василевска крстосница.

Во несреќата учествувале три возила,  „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Е.С.(55) од Скопје, во кое имало 11 мигранти од Пакистан, „фолксваген пасат“, управувано од С.Г.(34), со сопатник С.Г.(57), и двајцата од с.Градашорци и „ауди“, управувано од Д.К. од Скопје, со тројца сопатници.

-Во незгодата загинал возачот на возилото „фолксваген пасат“, а со тешки телесни повреди се здобиле три лица, и тоа возачот и еден сопатник од возилото „опел астра“ и еден сопатник од возилото „фолксваген пасат“, додека со телесни повреди се здобиле пет лица сопатници во возилото „опел астра“, информираат од МВР.

Увид на лице место извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.