среда, 2. декември 2020. Вести денес: 63
home Хроника

Страшна сообраќајка на патот Куманово – Паланка: Тешко повреден малолетник, хоспитализирани уште 4 лица

Страшна сообраќајка на патот Куманово – Паланка: Тешко повреден малолетник, хоспитализирани уште 4 лица

Сообраќајна несреќа во која повредени се пет лица, од кои едно потешко, се случи минатата ноќ на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Сообраќајна незгода се случила меѓу „Форд мондео“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Крива Паланка и  „Фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Крива Паланка.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, од Крива Паланка, кој бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачите од двете возила и Н.С., сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“, кои биле пренесени во Општа болница Крива Паланка, информира МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

Коронавирус