четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Хроника

Страшна сообраќајка кај Катланово: Пет лица повредени, меѓу нив и дете

Страшна сообраќајка кај Катланово: Пет лица повредени, меѓу нив и дете

Петмина повредени, од кои едно малолетно дете, е црниот биланс од сообраќајка која се случи на патниот правец А1 Велес – Скопје, после Катланово кај бензинската пумпа ОКТА, објави Слободен Печат.

Несреќата се случила околу 12:30 часот. Повреденото дете е странски државјанин и е хоспитализирано на скопските клиники.

Детето и тројца од повредените патувале со возилото со германски таблички. Нивното возило од засега непознати причини се судрило со камион.

Коронавирус