петок, 30. септември 2022. Вести денес: 161
home Хроника

Страшна сообраќајка кај „Александар Палас“- се превртеа два автомобили (ФОТО)

Страшна сообраќајка кај „Александар Палас“- се превртеа два автомобили (ФОТО)

На булеварот „8 Септември“ во Скопје, кај хотелот „Александар Палас“ попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која се превртеа две патнички возила. Интервенцијата на брзата помош е во тек, а и увидот на полицијата сѐ уште трае.

На лице место може да види дека двете возила што учествувале во сообраќајката се превртени на кров.

Според првичните информации од МВР, до несреќата дошло откако двете возила директно се судриле.

Во сообраќајката две лица се повредени и пренесени во болница, но засега не е познато од каква природа се нивните повреди.

Од МВР велат дека можно е да имало и други патници во возилата.

Коронавирус