петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Страшна несреќа во штипско, тешко повредено 15 годишно девојче

Страшна несреќа во штипско, тешко повредено 15 годишно девојче

Сообраќајна несреќа во која повредено е малолетничка се случила вчера во 17:20 часот во штипското село Стар Караорман.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Цитроен берлинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(69) од Штип и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 15 годишна малолетничка од с.Таринци, општина Карбинци.

-Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Коронавирус