сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 68
home Хроника

Страшен пожар во Прилеп: Гореа две куќи, семејствата молат за помош

Опожарени се две куќи и причинета е огромна материјална штета. Поради збиеноста на куќите на оваа улица, пожарот лесно е пренeл од едната на другата куќа.
Страшен пожар во Прилеп: Гореа две куќи, семејствата молат за помош

Вчера околу 15:30 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Задарска” во куќа сопственост на Д.В.(35), избувнал пожар.

Опожарени се две куќи и причинета е огромна материјална штета. Поради збиеноста на куќите на оваа улица, пожарот лесно е пренeл од едната на другата куќа.

Навремено интервенирале од територијалната противпожарната единица – Прилеп, при што било спречено понатамошно ширење на пожарот.

Сега семејствата од двете куќи имаат итна потреба од помош и секаква хуманост би била добредојдена, пренесе прилепскиот портал Маркукуле.

Причина за пожарот бил неисчистен оџак.

Коронавирус