вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Хроника

Стотици луѓе собрани на Првомајска по страшната сообраќајка во која загинаа две момчиња

Стотици луѓе собрани на Првомајска по страшната сообраќајка во која загинаа две момчиња

Стотици луѓе се собрани на Првомајска кон населбата Драчево по страшната сообраќајна несреќа во која загинаа две лица.

Како што пишува А1он сообраќајот е блокиран, собрани се роднини на загинатите, а пристигнаlo и возило на брза помош бидејќи неколкумина од нив загубиле свест.

Несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец накај населбата Драчево, а во неа учествувале два автомобила кои се уништени.

Според очевидци двете момчиња на возраст од 20 до 30 години починале уште пред да дојде Брзата помош.