понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 27
home Хроника

Статистика: Зголемен бројот на починати лица од насилна смрт

Статистика: Зголемен бројот на починати лица од насилна смрт

Во 2018 година бројот на почината лица од насилна смрт е зголемен за 13,3 отсто, односно бројот на умрени лица изнесува 477, додека во 2017 година починати се 421 лице.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт во 2018 година, најголемо учество имаат несреќните случаи со 70,4 отсто, самоубиствата со 24,3 проценти и убиствата со 5,2 отсто.

Во структурата на починати лица од насилна смрт според полот, се забележува дека, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа со 76,3 отсто.