Дваесет и петгодишна девојка од Скопје е тешко повредена откако во неа додека возела велосипед удрил автомобил кој го управувал 80-годишен старец.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 20:30 часот на булевар Кочо Рацин кога автомобил „Oпел астра“ управуван од Ј.С.(80) од Скопјe удрил во А.Т.(25) од Скопје, која се движела со велосипед.
Девојката со тешки повреди била пренесена во градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Полицијата извршила увид на местото. Засега нема информации како дошло до несреќата.