вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Хроника

Средношколец прегазен во Штип хоспитализиран со тешки повреди, автомобилот го влечен неколку метри

Средношколец прегазен во Штип хоспитализиран со тешки повреди, автомобилот го влечен неколку метри

На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип утрово се случи сообраќајна несреќа во која тешко е повреден пешак.

Несреќата се случи во 9 часот и 10 минути на пешачки премин кога учениците од Средното електромашинско училиште „Коле Нехтенин“ преминувале на пешачки премин, а возило марка „фолксваген опел“ директно удрил во еден од пешаците и по булеварот го влечел неколку метри.

Според првичните информации, средношколецот е во тешка состојба и е веднаш хоспитализиран во Клиничката болница во Штип.

Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата, а се контролира и сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“ што е влез и излез на градот Штип. Ова е една од црните сообраќајни точки во градот Штип каде што постојано има сообраќајни несреќи во кои страдаат пешаци.

Повеќе детали околу несреќата надлежните најавуваат во текот на денот.