четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Среде ноќ полицијата упадна во дом на стружанец, еве што пронајдоа при претресот

Среде ноќ полицијата упадна во дом на стружанец, еве што пронајдоа при претресот

Рано утрово, врз основ на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на С.Л.(53) од Струга.

При претресот биле пронајдени и одземени воздушна пушка „ГАМО Делта Фокс“, ловна пушка „Застава“, 50 куршуми калибар 7,65мм; 22 малокалибарски куршуми; осум патрони калибар 7,6мм; пет патрони калибар 8,5мм; еден куршум непознат калибар, мобилни телефони и три кутии со алат за насилно обивање на врати.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.