вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Србин тешко повреден по пад од мотор, пренесен во кумановската болница

Србин тешко повреден по пад од мотор, пренесен во кумановската болница

Едно лице е тешко повредено со сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на локалниот пат с.Слупчане-с.Ваксинце, кај место викано „Чешмиче“, општина Липково.

Х.Б.(58) од Прешево, Р.Србија, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, информираат од МВР.