петок, 27. мај 2022. Вести денес: 0
home Хроника

СРАМОТА: Ограбена Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје

СРАМОТА: Ограбена Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје

На 12.05.2022 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(22), Д.Ќ.(44) и малолетник, сите од Скопје.

Тие се сомничат дека во 11:25 часот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул.„Македонија“, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари.

Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената.

За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус