петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 134
home Хроника

Спасувачка драма во Прилеп: Девојче падна во провалија, ја извлекуваа со полициски хеликоптер

Спасувачка драма во Прилеп: Девојче падна во провалија, ја извлекуваа со полициски хеликоптер

На 16.07.2019 во 07:44 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на местото викано „Чуле” на Селечка планина, атар на село Селце, прилепско, 15-годишно девојче од Прилеп паднало во провалија и се здобило со повреди.

Полициски службеници веднаш излегле на местото и бидејќи теренот бил непристапен била повикана алпинистичка екипа од Единицата за специјални задачи при МВР и хеликоптер на МВР, кои во најкратко можно време пристигнала на местото и го извлекле девојчето, кое било префрлено во болницата во Прилеп.

Во разговор со полициските службеници девојчето изјавило дека при пешачење се лизнало и паднало во провалија.

За настанот е известен и Јавен обвинител.

Коронавирус