недела, 28. мај 2023. Вести денес: 70
home Хроника

Соученички брутално претепаа девојче во училиште во Неготино (ВИДЕО)

Соученички брутално претепаа девојче во училиште во Неготино (ВИДЕО)

Насилството во училиштата е проблем кој неминовно бара сериозен пристап и превенција од надлежните институции, бидејќи агресивноста меѓу учениците станува се’ поизразена.

Се чини дека малтретирањето на деца од своите соученици е секојдневие, кое порај физичката болка и јавното омаловажување, предизвикува фрустрација и комплекси со кои се соочуваат децата во еден прилично сензитивен период од нивниот развој.

Видеото подолу е снимено во ООУ „Гоце Делчев“ во Неготино, и ја покажува бруталноста на децата, во случајов девојчиња, кои буквално претепуваат девојче, пред други ученици, кои ја набљудуваат ситуацијата како дел од некоја претстава…