четврток, 8. јуни 2023. Вести денес: 12
home Хроника

Сопственик на кафеана во Дебар Маало ранет со нож

Сопственикот на објектот, П.П.(56) од Скопје се обидел да ги раздвои, при што едно од лицата со нож го прободело во пределот на зглобот од десната рака.
Сопственик на кафеана во Дебар Маало ранет со нож

Ноќеска  околу 00:10 часот во Скопје во угостителски објект на улица „Орце Николов“ неколку лица кои седеле на терасата од угостителскиот објект, започнале меѓусебна расправија, а подоцна дошло и до тепачка помеѓу истите.

Потоа две од лицата си заминале, но подоцна се вратиле и продолжиле со пресметката.

Сопственикот на објектот, П.П.(56) од Скопје се обидел да ги раздвои, при што едно од лицата со нож го прободело во пределот на зглобот од десната рака.

На повредениот во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ му е укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.