среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 115
home Хроника

Сопственик на хотел во Скопје се спаси од напад со нож

Сопственик на хотел во Скопје се спаси од напад со нож

Во текот на вчерашната вечер околу 01:00 часот после полноќ три непознати лица влегле во хотел во Скопје и од вработената и сопственикот побарале да им биде прикажана снимката од безбедносната камера, за да видат кое возило удрило во нивното возило, кое било паркирано пред хотелот и го напуштило местото, информираат од МВР.

Сопственикот на хотелот на сопственикот на возилото му кажал дека нема можност во текот на ноќта да ги провери снимките и дека ќе мора тоа да го направи преку ден. Сопственикот на возилото се согласил, но едно од другите две лица извадило нож и се обидело да го нападне сопственикот на хотелот. Во намерата бил спречен од другите две лица, по што сите заедно заминале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус