На 22.04.2018 година околу 02:30 часот во село Србица, кичевско, во домот на И.И.(67), во собата каде спиеле со неговата сопруга влегле две маскирани непознати лица.
Mаскираните разбојници ги врзале него и неговата сопруга и им ги одземале мобилните телефони, женски чанти, платежни картици и паричници, по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.