вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Хроника

Сопружници уапсени пред кафеана во Мичурин, агресивно се однесувале кон полицајци

Сопружници уапсени пред кафеана во Мичурин, агресивно се однесувале кон полицајци

Сопружници ноќеска биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир и агресивно однесување кон полициски службеници.

Инцидентот, како што информираат од МВР, се случил пред угостителски објект на улица “Анастас Митрев“ во Скопје.

-Б.Л.(26) и неговата сопруга А.М.Л.(22) од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници. Двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Коронавирус