петок, 30. септември 2022. Вести денес: 54
home Хроника

Сопружници од Скопје тешко повредени во сообраќајка

Од незгодата А.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е задржан во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобила неговата сопруга М.Д.(37).
Сопружници од Скопје тешко повредени во сообраќајка

На 03.02.2018 година околу 19:00 часот на делницата од автопатот Велес-Скопје, поточно на еден километар после тунелот “Катланово“ се случила сообраќајна незгода.

Во неа А.Д. (35) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Дачиа Логан“ со скопски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото, кое излегло надвор од коловозот и се превртело.

Од незгодата А.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е задржан во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобила неговата сопруга М.Д.(37).

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус