петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Сопатник тешко повреден на патот Градско-Прилеп

Сопатник тешко повреден на патот Градско-Прилеп

Сопатник е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 10 часот на патот Градско – Прилеп, на место викано „Фариш“.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил ,,форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(65) од Битола и автомобил „Киа“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(37) од Кочани.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „форд“, Г.К.(42) од Битола, кој бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициска станица Кавадарци.

Коронавирус