петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Сопатничка тешко повредена во сообраќајка во Пехчево

Сопатничка тешко повредена во сообраќајка во Пехчево

На крстосницата од регионалниот пат Делчево – Берово и ул.„Јулија Веселинска“ во Пехчево, вчера околу 15 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолксваген голф“, со беровски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(43) од Пехчево и „сеат леон“, со беровски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од Пехчево.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Е.П.(76) од Пехчево, сопатничка во возилото „фолксваген голф“ и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош, информира МВР.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип.

Коронавирус