среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 133
Во живо

31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Хроника

Сообраќајот по суви коловози, внимателно возење поради утринска магла и можни одрони

Сообраќајот по суви коловози, внимателно возење поради утринска магла и можни одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од ЈП „Макединијапат“ информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Подетални информации граѓаните можат да добијат на нивниот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или на веб-страницата www.makedonijapat.com.mk

ЕУРО 2020

Македонија