недела, 5. февруари 2023. Вести денес: 64
home Хроника

Сообраќајна несреќа вечерва во Скопје, во овој дел од градот сообраќајот е отежнат

Сообраќајна несреќа вечерва во Скопје, во овој дел од градот сообраќајот е отежнат

Сообраќајна незгода во која учествуваа две возила се случи доцна вечерва на раскрсницата помеѓу улиците „Скупи“ и „Качанички пат“, пренесе СкопјеИнфо.

Според првичните информации во незгодата нема повредени лица. Во неа учествува две возила, „сеат“ со бугарски регистарски таблички и „опел“ со македонски регистарски таблички.

Сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато, а полицијата го обезбедува местото на несреќата.