недела, 19. септември 2021. Вести денес: 53
home Хроника

Сообраќајка во Велес, мотоциклист пренесен во болница

Сообраќајка во Велес, мотоциклист пренесен во болница
илустрација

На 09.10.2018 година околу 15:30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „8-ми Септември“ со улицата „Архиепископ Михаил“ и улицата „Страшо Пинџур“ во Велес се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата учествувале мотоцикл „Тумопар“ со велешки регистарски ознаки, управуван од И.К.(47) од Велес и мотоцикл „Кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(22) од Велес.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на мотоциклот „Тумопар“. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен  во Општата болница – Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус