недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 51
home Хроника

Сообраќајка во Скопје, повредени три лица

Сообраќајка во Скопје, повредени три лица

„Синоќа во 21.30 часот на крстосницата од булевар „Словенија” и улица „Качанички Пат” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву матиз” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје и патничко возило „фиат стило” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(27) од Скопје“, соопштуваат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „фиат стило”, О.С.(23) од Скопје кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот К.Е. и сопатниците Ј.И.(23) и К.Ф.(31) од двете возила.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.