сабота, 15. август 2020. Вести денес: 73
home Хроника

Сообраќајка во Скопје, повредени две лица

Сообраќајка во Скопје, повредени две лица
фото илустарција

На 03.12.2019 во 03:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Никола Карев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(23) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки управувано од В.Н.(23) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.С. и сопатникот во истото возило, Н.Н.(41) од Охрид, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.

Коронавирус