недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 74
home Хроника

Сообраќајка во Штип меѓу две возила: Едниот возач тешко повреден, итно пренесен во болница

Сообраќајка во Штип меѓу две возила: Едниот возач тешко повреден, итно пренесен во болница

На 11.09.2021 околу 20,50 часот во Штип на ул.„Велко Влаховиќ“ во близина на мост на река Брегалница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген Т-Рок“ со штипски регистарски ознаки управувано од З.С.(46) од Штип и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки управувано од Ј.П.(56) од Штип.

По несреќата возачот Ј.П. е пренесен во клиничка болница-Штип каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди.

За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Штип.

Локални избори 2021