петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 194
home Хроника

Сообраќајка во Ропотово, тешко повреден маж

Сообраќајка во Ропотово, тешко повреден маж

На 02.07.2021 во 08:50 часот на регионален пат Прилеп – Македонски Брод, во с.Ропотово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од З.С.(41) од Р.Албанија и мотоцикл „херк“, без регистарски ознаки, управуван од Р.К.(52) од с.Пешталево.

По незгодата Р.К. бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.

Коронавирус