недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка во Куманово – сите учесници пренесени во болница

Сообраќајка во Куманово – сите учесници пренесени во болница
илустрација

Вчера околу 17:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“, ул.„Бранко Богдански Гуцман“ и пат за с.Проевце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(72) од Куманово, во кое сопатник бил Л.П.(68) од Куманово и патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(30) од Куманово.

По незгодата сите учесници биле пренесени во Општата болница Куманово, каде кај И.Ј. и Л.П. биле констатирани повреди, додека кај Б.П. биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

ЕУРО 2020

Македонија