петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 14
home Хроника

Сообраќајка во Куманово: „Мерцедес“ се судри со „Јамаха џог“ – мопедистот со тешки повреди пренесен во болница

Сообраќајка во Куманово: „Мерцедес“ се судри со „Јамаха џог“ – мопедистот со тешки повреди пренесен во болница

На 08.05.2022 околу 13.30 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосницата од ул.„Доне Божинов“ и бул.„Октомвриска револуција“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(60) од с. Опае, липковско и мопед „јамаха џог“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од З.Г.(60) од Куманово.

Во несреќата З.Г. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус