сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 91
home Хроника

Сообраќајка во кочанско, тинејџер тешко повреден

Сообраќајка во кочанско, тинејџер тешко повреден

Вчера во 14:26 часот на ул.„Маршал Тито“ во кочанското село Прибачево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено“, управувано од Т.А.(34) од Кочани и мопед управуван од В.С.(19) од с.Прибачево, и двете со кочански регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.