понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајка во Кавадарци, едно лице тешко повредено

Сообраќајка во Кавадарци, едно лице тешко повредено

На 19.05.2019 година околу 15:15 часот на крстосницата од ул.„Западен булевар“ со ул.„Вишешница“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Г.(19) од Кавадарци и мопед „Канга“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(23) од Кавадарци.

Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци и по укажаната помош бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.