Мотоцикл, автомобил и џип направија сообраќајна незгода на улица Босна и Херцеговина во Бутел.
На фотографиите кои стигнаа до редакцијата на Курир се гледа автомобил „Цитроен“, мотоцикл и џип „Опел“, кои се судрија попладнево во скопската населба Бутел.
Се уште немаме информации дали има повредени, повеќе детали очекуваме подоцна.
На лице место пристигнала и екипа од полицијата.
ФОТО: Курир