вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 54
home Хроника

Сообраќајка во Аеродром, „Рено“ удри во столб

Сообраќајка во Аеродром, „Рено“ удри во столб

На булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром утринава се случи сообраќајна незгода во која патничко возило марка „рено“ удри во столб.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА изјавија дека според првичните информации нема повредени лица. Причинета е само материјална штета.

Сообраќајот во овој дел од градот утринава се одвиваше отежнато.

Незгодата во СВР Скопје е пријавена во 08:40 часот. Извршен е увид од страна на екипа од СВР Скопје.