Сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Неготино, на влезот за село Марена, кој целосно беше во прекин, од 18 часот се одвива наизменично по една лента, а повредените биле пренесени во кавадаречката болница.
Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, прекинот беше поради сообраќајна несреќа помежу автомобил и трактор.
Информацијата за сообраќајната незгода ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.